24фудбал

Можеби го бие малер со повредите, ама има к'смет за титули: Секоја сезона Коман е шампион! (ФОТО)

Кингсли Коман не може да крене глава од повредите, но има к'смет кога се во прашање шампионските трофеи, Французинот со само 24 години веќе има осум, и тоа сите во низа.

Останато

Офанзивниот фудбалер го бие малер со повредите, има пропуштено голем број натпревари и неодамна изјави дека ќе се пензионира доколку одново треба да помине низ период на рехабилитација кој трае со месеци.

Французинот сепак има к'смет кога се во прашање шампионските трофеи. Тој со само 24 години се радувал на осум титиули, и тоа сите во низа.

Има две од Лига 1 како тинејџер во дресот на ПСЖ, една со Јувентус во Серија А и пет во Бундеслигата со Баерн Минхен.