24фудбал

Македонија со Косово ќе игра на 8 октомври, финалето е на 12 ноември!

Денешниот состанок на УЕФА ги донесе и датумите за бараж натпреварите од Лигата на нации кои носат пласман на Европското првенство.

Македонија

УЕФА одлучи од септември до ноември да се играат натпреварите од групната фаза на новата сезона во Лигата на нации, а во овој период ги вметна и бараж натпреварите од минатата сезони кои треба да ги дадат последните учесници на Европското првенство.

Македонија на 8 октомври ќе го игра полуфиналниот натпревар против Косово, а доколку победиме ќе играме финале против Грузија и Белорусија на 12 ноември кое е и последната пречка за пласман на Европско првенство.