24фудбал

Голем е Марсело Брозовиќ, донираше за Македонка да направи операција! (ФОТО)

Фудбалерот на Интер, Марсело Брозовиќ ги донираше потребните 3.000 евра за нашата сограѓанка Стаменка Менче Трповска да ја направи потребната операција.

Македонија

Стаменка Менче Трповска денеска преку пост на социјалните мрежи замоли да и се помогне со донација за операција на колкот, и беа потребни 3.000 евра.

Постот го сподели и фан клубот на Интер во Македонија, а преку нив тој стигна и до балканскиот фан клуб на нероазурите.

Марсело Брозовиќ го видел постот и веднаш ги донирал потребните 3.000 евра за Стаменка Менче Трповска. Секоја чест мајсторе.