24фудбал

Елмас: Магична ноќ, првиот трофеј во кариерата и тоа со специјален тим (ФОТО)

Елиф Елмас се радува на првиот трофеј во кариерата, Македонецот го подигна пехарот од Купот на Италија откако синоќа Наполи го совлада Јувентус во финалето.

Македонија

На „Олимпико“ во Рим, Наполи и Јувентус вчера ги одмерија силите во финалето од Купот на Италија, а тимот на нашиот Елиф Елмас славеше на пенали и го подигна пехарот.

Македонецот, кој доби шанса во финишот на мечот и имаше огромна прилика да го матира Буфон во последните секунди, се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели својата радост од големиот успех.

„Прв трофеј во кариерата и тоа со специјален тим, ова беше магична ноќ, со надеж дека е само првиот од долга серија трофеи!“ – гласеше пораката на Елиф Елмас.