24фудбал

Ерера открива како било на роденденската забава на Нејмар: Жена ми не ме пушташе сам да одам ни до тоалет!

Нејмар во февруари организираше забава во бело а Андер Ерера сега открива дека Бразилецот ги поделил гостите во две групи, оние кои биле женети или со девојки се журкале на горниот спрат, а одние кои биле сингл, се забавувале на долниот.

Останато

За да го прослави својот 28-ми роденден, Нејмар организираше гламурозна забава во ноќниот клуб ЈоЈо во Париз, а сите гости беа облечени во бело. Неговиот соиграч, Андер Ерера сега откри повеќе детали.

Шпанецот како гостин во популарното шоу „Ла Ресистенсија“ раскажа дека гостите биле поделени во две групи, оние кои биле женети или со девојки се журкале на горниот спрат, а оние кои биле сингл се забавувале на долниот.

На забавата имало многу манекенки и убави девојки, па Андер Ерера не можел сам да отиде ни до тоалет.

На прашањето што се случи на забавата на Нејмар, фудбалерот од средниот ред одговори: „Што не се случи“.

„Кога Нејмар прави нешто, го прави за да си помине убаво. И токму тоа се случуваше на забавата. Можам да му честитам“.

„Секако, мојата сопруга не ме пушти да се симнам на долниот спрат, подобро кажано, не ме пушташе сам да одам ни до тоалет“.

По карантинот во родниот Бразил, Нејмар во моментов ужива во Сент Тропе заедно со Марко Верати и уште неколку манекенки и модели на Викторија сикрет.