24фудбал

Аргентинец откри дека му понудиле 500.000 да го повреди Роналдињо, реакцијата на Бразилецот била неверојатна

Поранешниот фудбалер, Фернандо Касерес откри дека имал понуда од 500.000 пезоси да го повреди Роналдињо, Бразилецот само кратко му порачал, „Фати ме ако можеш“.

Останато

Фернандо Касерес, кој имаше долга и богата кариера во неколку клубови помеѓу кои Ривер, Бока, Сарагоса и Селта а го носеше и дресот на „гаучосите“, раскажа интересна приказна од времето кога настапуваше во редовите на клубот од Виго.

Аргентинецот имал понуда од 500.000 аргентински пезоси да го повреди Роналдињо.

„Со Селта игравме против Барселона и кога Роналдињо прв пат ја допре топката, го удрив од зад грб“ – раскажува Касерес, кој во 2009 беше погоден во глава при грабеж, осум неделе беше во кома но за чудо остана жив.

„Му помогнав да стане и му кажав дека ми беа понудени 500.000 пезоси да го повредам. Тој само ме погледна и ми рече; „Фати ме ако можеш“. Повеќе не го маркирав“.

„Бев исплашен, го имаше тој лут поглед и кога го имаше тој израз на лицето, беше навистина добар, силен и импресивен играч. Знаев дека ќе ме посрамеше со некој потег, па се повлеков“.