Категорија: Германија 20.06.2020 18:02
Претпоследното коло од Бундеслигата донесе голема промена кај местата кои водат во Лигата на шампиони. Баер Леверкузен испадна од топ четири откако со 2-0 загуби на гостувањето кај Херта, а Борусија Менхенгледбах со 1-3 славеше кај Падерборн.
Иронично, „фармацевтите“ сега ќе треба да чекаат услуга од Херта, клубот од Берлин во последното коло да слави против Борусија Менхенгладбах за тие да имаат шанса за враќање во топ четири.
Вердер Бремен исто така се најде во непријатна ситуација откако загуби со 3-1 од Мајнц, а Фортуна Дизелдорф одигра 1-1 против Аугсбург. Па „зелено-белите“ сега се на -2 во однос на местото кое носи бараж за опстанок.
Денешното коло во Бундеслигата го одбележа Роберт Левандовски кој со нови два гола го урна рекордот на Пјер Емерик Обамејанг. Полјакот со 33 погодока стана најдобриот стрелец од странство во една сезона.