24фудбал

Пјонтек се прошета покрај двајца дефанзивци и голманот и кога требаше да даде гол... соиграч му ја шутна топката (ВИДЕО)

Криштоф Пјонтек ја забележа првата асистенција во Бундеслигата, веројатно никогаш не помислувал дека на ваков начин ќе асистира откако соиграчот Лукебакио практично му украде гол.

Германија

Криштоф Пјонтек беше на добар пат да се прослави против Баер Леверкузен откако се прошета покрај двајца дефанзивци и голманот, требаше само да ја турне топката преку гол линијата, но намесо да постигне гол, Полјакот ја запиша првата асистенција во Бундеслигата.

Неговиот соиграч Лукебакио ја шутна топката, ја затресе мрежата и му го украде голот на Криштоф Пјонтек.

Сигурно секој би бил разочаран кога ќе му се случи нешто вакво, но Пјонтек не покажа лутина и продолжи да се радува заедно со Лукебакио.