24фудбал

Србите немаат страв од коронавирус, Црвена звезда ја славеше титулата пред 18.000 гледачи (ВИДЕО)

Црвена звезда синоќа ја прослави 31. шампионска титула, на стадионот „Рајко Митиќ“ беа присутни околу 18.000 фанови и покрај тоа што во светот се уште има многу рестрикции поради пандемијата на ковид-19.

Останато

Црвена звезда синоќа играше против Пролетер кој го победи со 2-1. На овој меч се прославуваше и трофејот кој претходно беше освоен.

На стадионот „Рајко Митиќ“ присуствуваа околу 18.000 фанови кои без никаков страв од коронавирус го славеа трофејот.

Во Србија веќе некое време речиси и да нема никакви мерки против коронавирус. Фудбалските натпревари се играат со публика, полни беа трибините и на тенискиот турнир кој го организираше Новак Ѓоковиќ.


Во Србија синоќа имаше 94 нови случаи на коронавирус, кај нашиот северен сосед досега имаше нешто помалку од 13.000 заразени со ковид-19, во моментов има околу 1.000 активни.