24фудбал

Барселона гори: „Скандал на Аноета“, „ВАР лидери“ „Реал до врвот со контроверзија“ (ФОТО)

Каталонските медиуми жестоко распалија по синоќешната победа на Реал Мадрид на гостувањето кај Реал Сосиедад и ги потенцираат спорните моменти од мечот на „Аноета“.

Шпанија

По киксот на Барселона на гостувањето кај Севиља, Реал Мадрид го зграпчи првото место на табелата. „Кралевите“ со 1-2 триумфираа на гостувањето кај Реал Сиседад и се нови лидери во Ла Лига.

На мечот имаше неколку спорни одлуки, ВАР реагираше во три наврати, сите беа во корист на Реал Мадрид, па каталонските медиуми жестоко распалија.

Најгласен беше весникот Спорт, насловот им гласеше „ВАР лидери“ и потенцирано „Скандал на Аноета“. Се пишува дека пеналот над Винисиус бил дискутабилен, дека голот на Јанузај требал да важи бидејќи видот на Куртоа не бил попречен, голманот ја забележал топката и навреме се фрлил, како и дека Бензема играл со рака при голот за 0-2.

Весникот Мундо Депортиво пак пишува за победа „Мејд ин Мадрид (Made in Madrid) и како Реал станал лидер со три дискутабилни одлуки на судијата. Исто така се напоменува дека ВАР им помогнал на „кралевите“ да забележат победи со кои можат да станат нови шампиони.

Ла Вангвардија пишува дека Реал Мадрид е нов лидер но со многу сомнежи, „Поведе со 0-1 со ВАР пенал, погодокот на Јанузај за 1-1 беше поништен, а водството од 0-2 беше потврдено и покрај тоа што Бензема ја исконтролира топката со рака“.

Ел Периодико де Каталуња исто така ги потенцира судиските одлуки, „Реал Мадрид е нов лидер но со голема контроверзија“. Весникот додава, „Тимот на Зидан изби на врвот со дискутабилен пенал над Винисиус. Поништен гол на Јанузај поради офсајд го фрустрираше Реал Сосиедад“.