24фудбал

Дали по Хаверц и Санчо со активностите на Твитер го најави својот нов клуб (ФОТО)

Џејдон Санчо ќе замине од Борусија Дортмунд ова лето, а тој со лајк на еден твит веројатно покажа и која ќе биде неговата следна дестинација.

Германија

Џејдон Санчо беше на клупата на последниот меч на Борусија Дортмунд кој тие го играа против Лајпциг во Бундеслигата.

Според многумина, Санчо беше на клупата бидејќи неговата иднина е веќе решена, тој ќе замине од клубот, Дортмунд нема неопходност од бодови, па тој не игра за случајно да не се повреди.

Санчо од својот твитер профил лајкна твит: „Џејдон Санчо почна од клупата за Борусија Дортмунд против РБ Лајпциг денеска. Неговата глава е веќе во Манчестер јунајтед“.


Ваквата негова активност ги израдува фановите на Јунајтед кој протолкуваа дека тој го одбрал клубот каде што сака да игра идната сезона.

Претходно Хаверц исто така со активност преку социјалните мрежи откри дека веројатно ќе игра во Челси.