24фудбал

Мурињо го „удрија“ онаму каде што боли најмногу, дека игра дефанзивно, па држеше лекција од ЧЕТИРИ минути

Жозе Мурињо на денешната прес конференција држеше лекција, Португалецот четири минути непрекинато раскажуваше колку сè успешни напаѓачи играле под негово водство откако доби критики од стручниот коментатор Пол Мерсон.

Англија

По ремито помеѓу Тотнем и Манчестер јунајтед, Пол Мерсон порача дека Хари Кејн нема шанси да постигне 25-30 гола во една сезона поради дефанзивниот стил на игра кој го преферира Жозе Мурињо.

Тој исто така истакна дека напаѓачот треба сериозно да размисли дали да остане во Тотнем или пак да замине порад Португалецот и неговите негативни тактики.

Ваквите коментари не му се допаднаа на „специјалниот“, кој на денешната прес конференција четири минути непрекинато раскажуваше колку сè успешни напаѓачи играле под негово водство.

„Малку ми беа чудни одредени анализи и коментари, а се започна со она што го кажа Пол“ – вели Мурињо.

„Ги почитувам многу луѓето како него, и бидејќи го почитувам, ќе бидам фин со одговорот. Се надевам дека ќе им дадам повод на луѓето за малку подобро да подразмислат“.

„Како прво, Хари го играше својот прв натпревар по шест месеци, и ако го гледавте натпреварот, и го ангализиратеа натпреварот, споредете го Хари Кејн со Антони Марсијал. Дали тоа беше натпревар со многу шанси? Дали тоа беше натпревар каде двајцата напаѓачи се најдоа во многу прилики за гол? Дали ќе им препишете заслуга на моите дефанзивци за партијата на Марсијал? Дали ќе им препишете заслуга на дефанзивците на Манчестер јунајтед за шансите кои ги креиравме или не ги креиравме? Мислам дека треба да имате балансиран пристап“.

„Лесно е да се види колку погодоци има Хари под мое водство. Погледнете ја статистиката и ќе видите колку натпревари одиграл и колку погодоци постигнал под мое водство пред да се повреди“.

„Јас можам да кажам дека за мене играле неколку напаѓачи кои немаа така лоша статистика. Имав еден напаѓач кој се вика Дрогба. Играше за мене четири сезони. Постигна 186 погодока, или во просек по 46 погодока (всушност се работи аз 186 натпревари и 73 погодока)“.

„Има уште еден напаѓач кој исто така нема лоша статистика, тој (Роналдо) сега игра за Јувентус. За мене играше три сезони и постигна 168 погодока, што значи во просек 56 гола во една езона“.

„Имав друг напаѓач кој се вика Карим Бензема. За мене играше три сезони, не беше секогаш стартер, но постигна 78 погодоци во три сезони, што значи 26 погодока во просек“.

„Диего Милито играше една сезона, постигна 30 погодока и освои три титули“.

„Едно виско момче кое се вика Златан Ибрахимовиќ играше година ипол за мене, велам година ипол бидејќи половина година беше повреден. За една ипол година, тој постигна 58 погодока, или во просек 29 погодока по сезона“.

„Па драг Пол, имам голема почит за тебе, но мислам дека Хари Кејн нема да има никакви проблеми да постигнува голови во мојот тим, особено кога ќе биде фит, свеж и кога ќе влезе во ритам. Па ова е пораката за некого кого го почитувам многу“.