24фудбал

„Вие сте с*ање, ние заработуваме многу повеќе од тоа што вие некогаш би заработиле“

Матео Гендузи се спаси од суспензија од ФА поради тоа што го фати за врат Нил Мопе, во текот на конфронтацијата со фудбалерот на Брајтон кој беше посочен како главен виновник за големата повреда на Бернд Лено, кој мечот го заврши предвреме со патерици.

Англија

Од ФА потврдија дека 21 годишниот Французин нема да се соочи со суспензија поради гестот, а за таа ситуација имаше можност да реагираат од ВАР собата, истата беше пропуштена од страна на Мартин Аткинсон.

Како и да е, на Островот тврдат дека Гендузи, кој инаку заработува 40,000 фунти неделно во Арсенал, во текот на натпреварот постојано ги навредувал фудбалерите во спротивниот табор околу заработката во обата клуба.

Тоа секако соодвестува со самата изјава на Мопе по мечот кој наведе дека фудбалерите на Арсенал мора да научат да бидат скромни, а дека на крајот си го добиле тоа што заслужиле, меѓутоа се чини дека првично таа изјава била наменета токму поради ароганцијата од страна на Гендузи.

Тој постојано велеше дека фудбалерите на Брајтон се с*ање, како и тоа дека тој и неговите соиграчи заработуваат многу повеќе од тоа што тие некогаш би заработувале, истото го има сторено и на други натпревари претходно“ велат извори за англиските медиуми за ароганцијата на Гендузи.

Арсенал најпрво тргна со пораз кај Манчестер Сити со 3-0 во рестартот на сезоната во Премиерлигата, за потоа да следи и пораз кај Брајтон со 2-1, сега за избраниците на Микел Артета им претстои гостување кај Саутемптон, меч кој ќе биде се чини клучен во тоа дали „Топчиите“ имаат шанси за излез во Европа идната сезона.