24фудбал

„24ФУДБАЛ ФАНТАЗИ СКАУТ“: Хименез, Траоре и Доерти е триото кое може да стави сол на раната на Борнмут

Фудбалски фестивал на Островот, на радост на близу осумте милиони натпреварувачи на Фантази Премиерлигата, возбудувањата продолжуваат со вечерашните два меча на програмата, а предвиденото 31. коло се затвора во четврток.

Останато

Нова анализа како помошна алатка за сите натпреварувачи во Фантази Премиерлигата од нашата земја, кои ги има близу осум илјади, конкуренцијата е голема, а ние се надеваме дека ќе придонесеме за што е можно подобар рејтинг на нашите натпреварувачи.

Рестартот во  Премиерлигата се случи, истиот се одвива според предвидениот план без никаков застој, а во однос на анализата, најпрво, како што е обичај ќе направиме еден краток рекапитулар на настаните зад нас, односно случувањата во 30. коло.

Претходната анализа: „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Два меча за Хендерсон во едно коло, Салах мора да тргне со погодоци

Од тоа што можевме да го забележиме, многумина од натпреварувачите се решија да искористат една од дополнителните алатки за плус бодови на контото, од тоа секако добија голема придобивка, меѓутоа повторно се соочија со главниот проблем во селектирањето ѕвезди од Манчестер Сити – Пеп Гвардиола.

Постојано во нашите анализи уверуваме дека треба да се биде особено внимателен на ова поле, а Гвардиола отиде до тој чекор, што во вториот меч против Барнли (5-0) го остави на клупата за резерви Кевин Де Брујне, претходно против Арсенал (3-0), Белгиецот запиша гол и асистенција, од што особено профитираа оние кои го играа трипл-капитен, а ги имаше во голем број (Објаснување: Манчестер Сити имаше два меча ова коло).

Секако дека изненадува и фактот што првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах остана на клупата за резерви во градското дерби кај Евертон (0-0), ние го понудивме за капитен на колото, а особено не радува фактот што како заменик-капитен го посочивме Мет Доерти од Вулверхемптон, кој одличното коло го заокружи со 12 бода.

Евидентно е дека постои криза во Шефилд Јунајтед, екипа која беше најпријатното изненадување сезонава во Премиерлигата, па составот на Крис Вајлдер не успеа да постигне гол ниту на гостувањето кај Астон Вила (0-0), ниту пак кај Њукасл (3-0).

Како и да е, не можеме, а да не го споменеме Вулверхемптон, една доста стабилна екипа која продолжи онаму каде што застана на паузата, па мошне сигурно славеше кај Вест Хем (0-2), а особено се издвоија Доерти и Хименез, па ако го погледнеме нивниот распоред во продолжението од сезоната, сигурно има уште многу вакви перформанси да понудат.

Од тоа што го увидовме дополнително, ќе наведеме дека Норич и Борнмут веројатно е дека немаат што повеќе да бараат во елитното друштво од Премиерлигата, а што се однесува пак до онаа доста добро позната битка за четвртата и петтата позиција на табелата, Челси импресионираше во победата на гости кај Астон Вила (1-2), со една тотално офанзивна игра (посед на топка 74%), а Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед продолжи со одличните изданија за „Црвените ѓаволи“ постигнувајќи гол од пенал кај Тотнем (1-1).

За крај на рекапитуларот, ќе наведеме дека нашиот избор за подолг рок донесе вкупно 63 бода, без Салах кој не доби прилика за настап, меѓутоа во изборот наведовме една доста добра клупа која би ви била и повеќе од квалитетна за до крајот на актуелната сезона, изборот за дополнителните алатки како „Bench boost“ (бодови од клупа), Triple capiten“ (триплирање на бодовите од капитенот), или „Free hit“ (состав за едно коло) го оставивме на вас.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Сега една кратка најава за тоа што следи оваа седмица, возбудувањата во 31. коло започнуваат со двата вечерашни меча, Лестер – Брајтон (19,00), односно Тотнем – Вест Хем (21,15), за утре се предвидени пет меча, за колото да се затвори со трите меча на програмата во четврток, од кои едното е големото дерби помеѓу Челси и Манчестер Сити (21,15).

Тотнем е апсолутен фаворит против Вест Хем, веројатно и Манчестер јунајтед на домашен терен, ако се земе во предвид кризата на Шефилд Јунајтед, Волверхемптон си доби противник по мерка за ова коло, Борнмут кој со изданието на домашен терен против Кристал Палас (0-2) докажа дека капацитетот е тој, а Арсенал на гостувањето кај Саутемптон веројатно има последна шанса за нешто повеќе во битката за излез во Европа идната сезона.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Пред да започнеме со селектирањето фудбалери, традиционално ќе се префрлиме накратко во однос на статистиката на купени/продадени фудбалери за ова коло.

Прв на листата на најкупувани фудбалери за ова коло е ѕвездата на Вулверхемптон, Раул Хименез, напаѓачот кој ја продолжи својата одлична форма на гостувањето кај Вест Хем постигнувајќи еден гол, а по него следи Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, екипа која има одличен распоред до крајот на актуелната сезона, потоа во водечката тројка е воедно и неговиот соиграч Бруно Фернандеш кој се покажа како големо засилување за „Црвените ѓаволи“, а брзо ја доби улогата на прв пеналџија во составот на Оле Гунар Солшер.

Во однос на онаа не баш популарна листа, најпродаван е Серхио Агуеро, ова особено доаѓа откако напаѓачот на Манчестер Сити се здоби со повреда на коленото во синоќешната пресметка, а самиот Пеп Гвардиола наведе дека истата не е наивна, се шпекулира дека сезоната за Аргентинецот е веќе завршена.

Интересно е дека по Агуеро следи Пјер-Емерик Обамејанг, напаѓачот на Арсенал кој се чини дека го губи трпението кај натпреварувачите, меѓутоа ние не би препорачале таков потег од причина што распоредот на „Топчиите“, како и ограничениот избор на трансфер пазарот би биле и повеќе од добра причина да му се даде шанса на  Габонецот барем уште ова коло, односно на гостувањето кај Саутемптон. Трет на оваа листа е голманот на Шефилд Јунајтед, Џордан  Хендерсон кој нема право на настап против Манчестер јунајтед, клуб од каде е позајмен.


Сега одиме на она главното, започнуваме со голманската позиција, тука како да немаме никакви дилеми, нешто за што најавивме и во претходната анализа, шанса би му дале на Давид Де Хеа (5.3) кој со својот Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува „разнишаниот“ по форма Шефилд Јунајтед, кој не успеа да постигне гол ниту против Астон Вила, ниту против Њукасл.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во однос на одбраната, ќе препорачаме тројца, од причина што препорачуваме формациска поставеност од 3-4-3 за ова коло, па најпрво ќе започнеме со една доста евтина варијанта која ја наведовме и во претходната анализа, Џамал Ласелс (4.3), фудбалер кој освои фантастични 17 бода во последните три кола, а сега на домашен терен ќе игра против Астон Вила, екипа која не може да се пофали со добра завршница на нападите.

Неверојатниот Мет Доерти (6.3) имаше меч без примен гол кај Вест Хем (0-2), па освен бодови од клин шит, доби и бодови поради асистенција во еден од двата погодоци, па на крајот сосема заслужено се здоби со епитетот најдобар на мечот, додавајќи уште три бода на своето конто од тоа издание. Сега Доерти пред себе ќе го има тотално немоќниот Борнмут кој против Кристал Палас ја увери јавноста зошто е во долниот дел од табелата.

Тешко дека Вест Хем ќе има некоја посебна прилика за да дојде до бод од гостувањето кај Тотнем вечерва, па така ние препорачуваме уште една евтина, но доста добра варијанта во одбраната, Серж Орие (4.9) кој во ремито против Манчестер јунајтед запиша асистенција, особено е активен на проивничките половини, а асистенциите воопшто не се изненадување од него. Ако се земе во предвид кризата во Шефилд Јунајтед, веројатно добро би било да размислите и за Арон Ван-Бисака (5.3) од Манчестер јунајтед.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во однос на средниот ред би започнале со Сон (9.7), Вест Хем е една добра причина зошто Кореецот мора да им се врати на погодоците, зошто да не и асистенциите, меѓутоа за очекување е ѕвездата на Тотнем да има добар простор за игра вечерва, Деле Али е веќе на располагање на Мурињо, меѓутоа во прашање е дали англискиот репрезентативец ќе почне од првата минута вечерва.

Бруно Фернандеш (8.7) погоди на гостувањето кај Тотнем од пенал, а зад своето име запиша вкупно 9 бода од тој меч, сега му претстои натпревар со Шефилд Јунајтед, прилика за нови бодови на контото на Португалецот.

Ротацијата беше сосема очекувана во продолжението од сезоната, добро ја знаеме ситуацијата во Манчестер Сити, меѓутоа тоа што го стори Јирген Клоп во градското дерби кај Евертон (0-0) беше тотално неочекувана одлука. Мохамед Салах (12.7) не доби прилика за настап, меѓутоа за очекување е против Кристал Палас да почне од првата минута.

На Адама Траоре (5.7) од Вулверхемптон му беа потребни само 26 минути за да направи дар-мар во одбраната на Вест Хем, сигурно дека главното прашање кај многу натпреварувачи во однос на овој фудбалер е зошто не е стартер, но, одговорот на тоа прашање го знае само Нуно Еспирито Санто, дури и нам ни е чудна оваа ситуација. Инаку Траоре запиша асистенција, а учествуваше и во вториот гол за Вулверхемптон.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Имавме дилема, од причина што во Арсенал повторно се надвиснати темни облаци, а веројатно е дека ни самиот Микел Артета веќе нема идеја како да ги реши проблемите, во кои и самиот тој веќе е соучесник поради неколкуте грешки, но би му дале уште една шанса на Пјер-Емерик Обамејанг (11), кој на гостувањето кај Саутемптон мора да помогне за бодови на „Топчиите“, бодови кои сезонава се чини зависат во голема мера од него.

Ќе се придодадеме во големите очекувања на големиот број натпреварувачи кои го селектираа Маркус Рашфорд (8.9), од причина што сметаме дека Манчестер јунајтед нема право на калкулации, а Рашфорд има голем удел во офанзивната игра на „Црвените ѓаволи“.

Убедливиот пораз на Норич од Саутемптон (0-3) ни даде слика дека капацитетот на таа екипа е тој, па сериозно подразмисливме дали да го вметнеме Тимо Пуки (6.5) во овој избор, меѓутоа, наместо него, шанса би му дале на Трој Дини (6.2), капитенот на Ватфорд, кој гостува кај Барнли. Ватфорд е веројатно една од ретките екипи во долниот дел од табелата која покажува знаци на живот во битката за опстанок во елитното друштво, но и квалитет со кој дава слика дека заслужува да биде дел од Премиерлигата.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe


Предлог-состав: ДЕ ХЕА (5.3) / ДОЕРТИ (6.3), ЛАСЕЛС (4.3), ОРИЕ (4.9) / СОН (9.7), ФЕРНАНДЕШ (8.7), САЛАХ (12.7), ТРАОРЕ (5.7) / РАШФОРД (8.9), ОБАМЕЈАНГ (11), ДИНИ (6.2)

КАПИТЕН: МОХАМЕД САЛАХ

Заменик-капитен: Бруно Фернандеш


КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Анализата традиционално ја заокружуваме со краток осврт на случувањата во генералната лига на „Македонија“, односно на „24фудбал“.

Во генералниот пласман во нашата земја лидер е Давид Трајчевски со досега освоено 1882 бода, еве го неговиот избор од претходното коло.


Што се однесува пак до лигата на „24фудбал“, таму на првото место е Василиј Стојановски со досега освоени 1875 бода, имате можност да се запознаете и со неговиот избор.


Среќно до сите натпреварувачи, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe