24фудбал

Нема лиценца за Вардар за настап во Европа!

Фудбалската федерација на Македонија ги објави клубовите кои добија лиценци за настап во Европа, меѓу нив не е Вардар.

Македонија

ФФМ денеска ги објави клубовите кои добија лиценци за настап во квалификациите од натпреварувањата на УЕФА за следната сезона, Вардар и дефинитивно нема да игра во Европа.

Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи добија лиценци од комисијата за лиценцирање при ФФМ.

Лиценци нема за Вардар, Борец, Брегалница и Струга ТЛ.

Се уште се чека одлуката на ФФМ дали Вардар ќе биде прогласен за шампион на Македонија оваа сезона, црвено-црните имаа убедлива предност на табелата.

Но Вардар втора година по ред не добива лиценца и нема да има шанса да заработи од учество во квалификациите за европските натпреварувања.

Судбината на клубот е неизвесна, Самсоненко крена раце, нов сопственик се уште нема, а играчите веќе почнаа да си бараат нови ангажмани.