24фудбал

Што изјави Кутињо кога си замина од Ливерпул и што се случи во меѓувреме?

Филипе Кутињо стана еден од понесреќните фудбалери кои играле за големи клубови, неговиот трансфер од Ливерпул во Барселона е голема грешка, но сега е доцна.

Англија

Во Ливерпул беше главна ѕвезда, но кога дојде понудата од Барселона, Филипе Кутињо не се мислеше многу, сакаше по секоја цена да замине на Камп Ноу.

Многумина му велеа дека во Ливерпул може да стане легенда, а во Барселона ќе биде само еден од другите. Но тој веруваше во себе, веруваше дека може да биде значен за Барса колку што беше и за Ливерпул.

Прогнозите се остварија, Кутињо беше само еден обичен играч во Барселона, до толку не им се погоди што го дадоа на позајмица во Баерн Минхен. Баварците имаат опција да го откупат неговиот договор, но не ја искористија, ниту за нив Бразилецот не е некој играч кој прави разлика.

Кутињо кога замина во Барселона изјави: „Навистина сакам да освојувам големи титули, тоа беше една од причините поради кои потпишувам за Барселона“.

Во меѓувреме Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, го освои Светското клупско првенство, го освои Суперкупот на УЕФА а од синоќа стана и шампион на Англија, трофеј кој црвените го чекаа 30 години.

Некои велат дека Кутињо сега сака да се врати во Ливерпул, дури и лично му се јавил на Клоп, но црвените покажаа дека можат и без него, а тој се уште бара клуб во кој ќе биде среќен и важен каков што беше на Енфилд.