24фудбал

Мбапе: Сакам да ги слушам постарите, удар за мене беше заминувањето на Диара и Буфон

За разлика од многумина млади ѕвезди, Килијан Мбапе ги почитува постарите играчи до степен да му е тешко кога ќе си заминат.

Франција

Во денешно време поретки се фудбалерите кои имаат почит за постарите, кои сакаат да слушнат совети од нив. Таков е Килијан Мбапе.

Вели дека му било тешко кога Ласана Диара и Џиџи Буфон си заминувале од ПСЖ бидејќи сака да ги слуша зборовите од постарите.

„Отсекогаш сум сакал да ги слушам постарите. Заминувањето на Ласана Диара и Џиџи Буфон беше удар за мене. Буфон беше важен за мене“, вели Мбапе за „Л'Екип“.