24фудбал

Вердер го фати последниот воз за бараж, Крамариќ стана првиот играч кој и дал четири гола на Дортмунд (ВИДЕО)

Вердер Бремен со 6-1 го совлада Келн и благодарејќи на триумфот на Унион Берлин против Фортуна Дизелдорф, го фати последниот воз за бараж, Хрватот Андреј Крамариќ стана првиот фудбалер кој на Борусија и дал четири гола во Бундеслигата среде Дортмунд.

Германија

Заврши Бундеслигата, последното коло беше талично за Вердер Бремен но не и за Фортуна Дизелдорф. „Зелено-белите“ го фатија последниот воз за бараж откако со 6-1 го совладаа Келн и притоа добија услуга од Унион Берлин, малиот клуб од главниот град триумфираше над Фортуна со 3-0 па клубот од Дизелдорф се сели во втора лига.

Борусија Менхенгладбах со победа од 2-1 над Херта го потврди пласманот во Лигата на шампиони, а Баер Леверкузен ќе мора да игра во Лига Европа и покрај минималниот триумф од 1-0 над Мајнц

Хрватот Андреј Крамариќ стана првиот фудбалер кој на Борусија и дал четири гола во Бундеслигата среде Дортмунд, и го потврди местото на Хофенхајм во Лига Европа.

Роберт Левандовски погоди еднаш во победата на Баерн од 0-4 на гостувањето кај Волфзбург и ја заврши сезоната со 34 погодока. Полјакот сега може да се пофали дека по петти пат е најдобар стрелец во Бундеслигата.