24фудбал

Добрите игри го привлекоа вниманието на гигантите, Арсенал испратил голема понуда за Барди

Енис Барди прикажува одлични партии во Леванте па Македонецот го привлече вниманието на неколку клубови, медиумите од Шпанија велат дека Арсенал испратил голема понуда.

Македонија

По преселбата во Леванте, Енис Барди се промовираше како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Шпанија, но и во Европа. Македонецот прикажува одлични партии изминативе три сезони и за кратко време стана еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот од Валенсија

Добрите издание не поминаа незабележани, Енис Барди го привлече вниманието на гигантите, а медиумите од Шпанија пренесуваат дека Арсенал тропнал на вратата. Детали не се откриваат, но според Онда Серо, се работи за голема понуда.

Извештајот исто така додава дека интерес пројавува и Фиорентина, како и клуб од Бундеслигата.

Енис Барди се пресели во Леванте за 1,5 милиони евра, но неговата вредност сега е најмалку десет пати повисока.