24фудбал

Чави вели дека се подготвува за тренерското столче на Барса и ги одреди условите за враќање на Камп Ноу

Легендата на „каталонците“, Чави вели дека тој и неговиот тим се подготвуваат за клупата на Барселона и навестува дека сака да се врати на Камп Ноу во 2021 година.

Шпанија

Чави во јануари доби понуда да го замени Ернество Валверде, но тренрот на Ал Сад го одби предлогот. Барселона тогаш мораше да бара алтернативи и го ангажираше Кике Сетиен, но се чини дека неговите денови се одбројани и тешко дека ќе продолжи по крајот на сезоната.

Па медиумите одново шпекулираат со името на Чави. Легендата на клубот вели дека се подготвува за тренерското столче на Барселона но постави услови, сака да започне свој проект и да има поголемо влијание во носењето на одлуки во клубот. Исто така навести дека планот е да се врати во 2021 година, кога има избори за нов претседател.

„Најголем сон ми е да станам тренер на Барса и да ја вратам Барса на победнички патеки. Не јас да се вратам на победите, туку овие играчи и Барса да победуваат. Па затоа јас и мојот тим се подготвуваме за клупата на Барса и тоа не прави возбудени“ – вели Чави.

„Јас сум човек од клубот. Би сакал да се вратам во прав момент и да започнам мој проект од нула. Кажав во неколку наврати, но еве ќе повторам и сега, сакам моќ да носам фудбалските одлуки. Јасно е дека по изборите ќе има терен за вакво сценарио. Не отфрлам ништо“.

„Добив понува во јануари, разговаравме... Но им кажав дека околностите и тајмингот не се прави. Се надевам дека ќе ми се укаже втора шанса“.