24фудбал

Познато е колку нуди Арсенал за Барди, малку им недостасува да дојдат до бараната сума на Леванте

Синоќа се појави веста дека Арсенал е сериозно заинтересиран за услугите на Енис Барди, а сега е познато дека понудата на топчиите изнесува 20 милиони евра.

Англија

Енис Барди може да заигра за Арсенал доколку се остварат шпекулациите на шпанските медиуми дека топчиите сериозно се заинтересирани за неговите услуги.

Денеска се појави и информацијата дека понудата на Арсенал изнесува 20 милиони евра, а сумата која ја бара Леванте е 25 милиони евра.

Барди во договорот со шпанскиот клуб има откупна клаузула од 50 милиони евра, сума која сигурно нема да биде достигната при негова продажба, но заработката на Леванте секако дека ќе биде голема.

Леванте го купи Барди од Ујпеш за само 1,5 милиони евра, тоа значи дека и да го продадат за 20 милиони ќе заработат повеќе од 13 пати отколку што го купиле.

Арсенал не е единствениот заинтересиран за Барди, за македонскиот репрезентативец се интересираат и Фиорентина, Ајнтрахт и Штутгарт.