24фудбал

Јувентус ја задржува старата гарда, капитените Буфон и Кјелини потпишаа нови договори

Џанлуиџи Буфон и Џоџо Кјелини потпишаа нови договори со Јувентус според кои во тимот ќе бида до јуни 2021 година.

Италија

На двајцата договорите им истекуваа утре, нивното останување никогаш не беше доведено во прашање, но сега е официјализирано.

„Џанлуиџи Буфон и Џорџо Кјелини ги обновија нивните договори со Јувентус до 30 јуни 2021“, соопшти клубот.

Кјелини во август ќе наполни 36 години и сака најмалку уште една година да игра. Тој во Јувентус е од 2005 година, досега има 509 меча и 36 погодоци.

Џиџи Буфон во Јувентус е од 2001 година кога дојде од Парма, тој зад своето име има 669 настапи за Јувентус.