24фудбал

Барселона потпиша со Пјаниќ, а во договорот има клаузула од која боли глава

Брзо откако го најави заминувањето на Артур, Барселона соопшти дека Мирален Пјаниќ потпишал договор со нив и ги објави деталите за трансферот.

Шпанија

Барселона го потврди ангажманот на Миралем Пјаниќ, она што паѓа во очи е високата откупна клаузула, но тоа и не е изненадување ако се знае дека каталонците во последно време на сите свои фудбалери им ставаат огромни клаузули.

„Барселона и Јувентус постигнаа договор за трансфер на фудбалерот Миралем Пјаниќ. Овој трансфер ќе чини 60 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси. Фудбалерот ќе потпише четиригодишен договор со траење до крајот на сезоната 2023/24, со откупна клаузула од 400 милиони евра. Играчот ќе остане во Јувентус до крајот на оваа сезона“, стои во соопштението на Барселона.

Кaталонците претходно го соопштија заминувањето на Артур.

Разликата меѓу двата трансфери е 17 милиони евра, тоа е сумата која треба да ја доплати Јувентус во оваа зделка за размена на двајцата играчи.