24фудбал

Беневенто не се шегува, преодниот рок ќе го почне со три сериозни засилувања!

Беневенто синоќа го прослави влезот во Серија А, а клубот веќе почнува да го крои тимот за следната сезона во која ќе се обиде да биде достоен прволигаш.

Италија

Момците предводени од Филипо Инѕаги со водство од 24 бода пред вториот на табелата, синоќа и официјално го обезбедија местото во Серија А.

Клубот има сериозни амбиции, па се очекува за кратко време да потпише со тројца искусни играчи.

Прв кој ќе го стави потписот е напаѓачот Лоик Реми кој веќе во Беневенто, денеска треба да ги помине медицинските тестови и да го официјализира трансферот. Тој пристигнува од Лил како слободен играч.

Според трансфер експертот Џанлука Ди Марцио, Беневенто е во напредни преговори со дефанзивецот на Монако, Глик кој претходно играше и за Торино, Палермо и Бари.

Третото засилување треба да биде Шурле кој е играч на Борусија Дортмунд но во моментов игра на позајмица во Спартак Москва.

Пипо Инѕаги е свесен дека искуството е исклучително значајно, па затоа најпрво посегнува по овие тројца фудбалери кои во своите кариери имаат одиграно многу големи натпревари.