24фудбал

Меси не го сака помошникот на Сетиен поради Роналдо?! Еве што пиша Едер Сарабија пред пет години (ФОТО)

Изминативе два дена е прилично тензично во Барселона, фудбалерите предводени од Лео Меси се свртеа кон Кике Сетиен, и особено неговиот помошник Едер Сарабија, а зад војната може да се крие Кристијано Роналдо.

Шпанија

Барселона против Селта испушти нови два бода во трката за титилата, „каталонците“ примија гол во финишот од мечот, па медиумите пишуваа дека во соблекувалната на „Балаидос“ настанала жестока кавга.

Потоа пристигнаа извештаи дека во неделата бил одржан нов состанок на кој било прилично тензично. Фудбалерите предводени од Лео Меси и Луис Суарез имале примедби за однесувањето на помошникот на Кике Сетиен, и побарале од тренерот директно да комуницираат со него наместо да добиваат инструкции од неговите асистенти.

Во меѓувреме беше објавено и видео од една од паузаите за ладење на дуелот со Селта на кое Лео Меси не го рецка Едер Сарабија и два пати одби да ги слушне советите на помошникот.

Медиумите сега пишуваат дека зад војната на Камп Ноу може да се крие Кристијано Роналдо.

Имено, во 2015, кога Португалецот настапуваше во дресот на Реал Мадрид, Едер Сарабија на Твитер напишал, „Никогаш нема да има подобар голгетер од Кристијано“ и го ставил хаштахот ЦР7.