24фудбал

Пирло се враќа во Јувентус, почнува тренерска кариера на ист начин како Зидан и Гвардиола

Легендарниот Андреа Пирло се враќа во Јувентус, ќе биде нов тренер на вториот тим на Јувентус, на фудбалерите до 23 години.

Италија

Андреа Пирло ќе го има првото тренерско искуство, ќе го предводи вториот тим на Јувентус во кој има сериозен квалитет.

Јувентус до 23 години го освои Италијанскиот Куп Серија Ц и ќе игра во плејофот за влез во Серија Б.

Пирло тренерската кариера ќе ја почне на ист начин како Пеп Гвардиола или Зинедин Зидан кои тргнаа од вторите тимови на Барселона односно Реал Мадрид.

Гвардиола беше во Барселона Б пред да го преземе коримилото на првиот тим, а Зидан беше тренер на Реал Кастиља, вториот тим на Реал Мадрид.