24фудбал

„Фудбалерите на Ливерпул не можат ниту да му ги врзат врвките на копачките а Де Брујне треба да им прави шпалир!“

Поранешниот играч на „црвените“, Дени Марфи е против традиционалниот шпалир, вели дека тоа е глупост и додава дека практично никој не сака да го прави.

Англија

Ливерпул по пауза од 30 години стигна до титулата од Премиерлигата, па кога „црвените“ во четврток ќе гостуваат на Етихад кај Манчестер Сити, „граѓаните“ ќе направат шпалир за избраниците на Јирген Клоп кои како шампиони ќе излезат на теренот.

Оваа традиција сепак не му се допаѓа на Дени Марфи, поранешниот фудбалер на Ливерпул вели дека тоа е глупост и додава дека практично никој не сака да прави шпалир.

„Шпалирот наводно треба да покаже понизност, да покаже почит, но јас мислам дека тоа е глупост. Не знам каде започнала традицијата и зошто започнала, но мене би ми било непријатно да правам шпалир“ – вели Дени Марфи во разговор со Токспорт.

„Секако дека ќе се појавам бидејќи морам да се појавам, но не би сакал го сторам тоа бидејќи не се прави со искреност“.

„Доколку јас бев играч на Ливерпул и Манчестер јунајтед станеше шампион, знете дека тие се подобри од вас, го почитувате тоа и ќе го дадете максимумот за да бидете како нив, па тие знаат дека ги почитувате“.

„Фановите не сакаат да ве видат како правите шпалир, играчите навистина не сакаат да го прават тоа, па сето тоа е само ефект за гледачите пред малите екрани и не значи ништо“.

„Кевин Де Брујне е најдобриот фудбалер од средниот ред, веројатно во целиот свет, и тој ќе треба да ракоплеска и да прави шпалир за играчи кои не можат ниту да му ги врзат врвките на копачките“.

„Доколку јас бев шампион, и требаше да поминам низ шпалир, ќе се чувствував чудно, ќе ми беше непријатно. Јасно ми е зошто е креиран, испраќа добра порака на оние кои гледаат, но за мене нема поента да се прави шпалир“.