24фудбал

Алегри веќе не е врзан за Јуве, од денес може да си бара нов клуб

Масимо Алегри може слободно да си бара нов клуб, неговиот договор со Јувентус истекува денеска.

Италија

Алегри го напушти Јувентус минатото лето, на негово место беше назначен Маурицио Сари, но тој имаше уште една година од договорот со клубот.

Двете страни не го раскинаа договорот, Алегри иако не работеше ја добиваше платата која му следува од 7 милиони евра годишно.

Договорот завршува денеска, па од утре тој може слободно да премине во друг клуб.

Нејасно е кој ќе биде следниот ангажман на Алегри, неговото име претходно се поврзуваше со ПСЖ, па се збореше дека е кандидат и за клупата на Манчестер јунајтед но во меѓувреме на Солшер му тргна.