24фудбал

Наполи тргнува моќно на трансфер пазарот, со 100 милиони евра купува двајца играчи на Лил

Наполи е блиску до ангажман на двајца фудбалери на Лил за вкупна сума од 100 милиони евра, станува збор за дефанзивецот Габреил и напаѓачот Виктор Осимен.

Италија

Според францускиот трансфер експерт, Ману Лонжон, Наполи сака да ги затвори преговорите колку што е можно побрзо. Тие имаат подготвено петгодишни договори за двајцата фудбалери.

Се верува дека вредноста на Габриел е 30 милиони евра и тој е подготвен да ја прифати понудата на Наполи, а Осимен кој се проценува на 70 милиони евра се уште се двоуми.

Најавено е дека во текот на денешниот ден во Неапол претставници на Осимен ќе разговараат со италијанскиот клуб и се очекува да биде постигнат договор.

Што се однесува до Габриел, тој треба да биде наследникот на Кулибали кој се поврзува со трансфер во Премиерлигата.

Интерес за Кулибали има од Евертон, Арсенал и Тотнем.