24фудбал

Манчестер јунајтед го одреди буџетот за трансфер на Џејдон Санчо, „ѓаволите“ ќе платат максимум 50 милиони

Скај Спортс Њуз повикувајќи се на извори од Олд Трафорд пренесе дека Манчестер јунајтед нема намера да платат повеќе од 50 милиони фунти за ангажман на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Англија

Англичанецот во „црно-жолтиот“ дрес се промовираше во еден од најперспективните играчи во Европа, па го привлече вниманието на многу гиганти. Се верува дека Џејдон Санчо сака да се врати во Премиерлигата и Манчестер јунајтед се псочува како најсериозен кандидат за неговиот потпис.

Но голема пречка за реализирање на зделката ќе биде трансфер сумата. Скај Спортс Њуз повикувајќи се на изори од Олд Трафорд пренесе дека „ѓаволите“ немаат намера да платат повеќе од 50 милиони фунти.

Од друга страна, Борусија Дортмунд бара најмалку 100 милиони фунти за играчот кој во 2017 го купи од Манчестер Сити за само 8 милиони фунти.

Раководството на Манчестер јунајтед смета дека сумата која ја одредиле „милионерите“ не е реална, и во предвид не се земени последиците кои ќе го погодат фудбалот од пандемијата на коронавирус.

Од таборот на Борусија Дортмунд во неколку наврати порачаа дека нема да има коронавирус попуст, па останува да се види кој прв ќе попушти. Манчестер јунајтед сепак не може да калкулира премногу бидејжжи интерес за Џејдон Санчо пројавуваат и Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Барселона и Реал Мадрид.