24фудбал

Голема победа за Мајорка која носи надеж за опстанок, десетина минути за Трајковски (ВИДЕО)

Мајорка со фантастични 5-1 ја совлада Селта и освои три големи бода во борбата за опстанок, Александар Трајковски во игра влезе во финишот од мечот.

Шпанија

Селта одигра нерешено против Барселона во претходното коло, но со Мајорка која е во опасната зона изгледаше немоќно.

Уште во првото полувреме беше 3-0 за домаќините со головите на Будимир, Чучо и Поцо. По пет минути игра во вториот дел Аспас намали на 3-1, но Будимир со нов гол ја врати предноста од три разлика. Конечните 5-1 беа дело на Севиља.

Нашиот Александар Трајковски во игра влезе во 83. минута од натпреварот.

Мајорка се уште е на позиција која води во пониска лига, има пет бода помалку од екипите кои се спасуваат но оваа игра и резултат носат надеж дека може да направат чудо во финишот од сезоната.