24фудбал

Асистенција на Алиоски, Лидс одигра само реми против Лутон (ВИДЕО)

Лидс како лидер одигра само 1-1 против Лутон кој е последен на табелата во Чемпионшип, Езгјан Алиоски беше асистент на погодокот за домаќините.

Англија

Лидс цело време напаѓаше, но само еднаш успеа да ја затресе мрежата на Лутон. Гостите поведоа по пет минути игра во второто полувреме, Лидс изедначи во 63. минута со гол на Далас.

Алиоски почна од клупата, во игра влезе од почетокот на второто полувреме и имаше одлична асистенција при погодокот на својот тим.

Лидс останува лидер на табелата на шест кола до крајот, но пропушти да ја зголеми предноста на врвот.