24фудбал

Тајниот напиток кој му носи успех на Бруно Фернандеш (ВИДЕО)

Бруно Фернандеш и вечерва блескаше во дресот на Манчестер јунајтед, даде два гола, па Солшер го извади за да го одмори откако стана јасно дека ќе победа, она што беше интересно е напитокот на Португалецот.

Англија

Откако беше заменет, Бруно Фернандеш седна на првиот ред од трибината и си зема шише со млеко. 

Ретко се гледа фудбалер да пие млеко на сред натпревар, па коментаторите на „Скај Спортс“ го искоментираа како тајниот напиток на Бруно Фернандеш за успех во Премиерлигата.