24фудбал

Шоу на Бруно Фернандеш против Брајтон, Манчестер јунајтед на 15 меча во низа не знае за пораз (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед без многу проблеми го совлада Брајтон со 0-3, избраниците на Оле Гунар Солшер се во добра форма и веќе на 15 меќа во низа не знаат за пораз.

Англија

„Ѓаволите“ продолжуваат да притискаат за топ четири пласман откако вечерва прокнижија три бода на гостувањето кај Брајтон. Бруно Фернандеш имаше одлична партија и со два гола го предводеше Манчестер јунајтед до триумф од 0-3.

Резултатот го отвори младиот Мејсон Гринвуд во 16. минута. Дефанзивците на Брајтон му оставија многу простор, па напаѓачот умешно биеше на поблиската статива и ја затресе мрежата.

По половина час игра, гостите поведоа со 0-2. Погба асистираше а Бруно Фернандеш од врвот на шеснаесетникот погоди за дуплирање на предноста.

По пет минути игра во вториот дел беа решени сите дилеми. Матиќ одлично отвори контра, Гринвуд прекрасно го проигра Бруно Фернандеш а Португалецот со волеј биеше за 0-3.