24фудбал

Меси со стил му се придружи на Роналдо во одбраното друштво, со паненка го матираше Облак (ВИДЕО)

Лео Меси го прослави погодокот број 700 во кариерата, Аргентинецот со паненка го матираше Јан Облак и му се придружи на Кристијано Роналдо во одбраното друштво.

Шпанија

Ѕвездата на Барса неколку натпревари бркаше убав јубилеј, вечерва конечно успеа да ја затресе мрежата на противникот и да го прослави погодокот број 700 во кариерата.

Лео Меси тоа го направи со стил, со паненка го матираше Јан Облак, кој важи за еден од најдобрите голмани на денешницата.

Со овој гол, Аргентинецот му се придружи на Кристијано Роналдо во одбраното друштво. Тие се единствените двајца активни фудбалери кои можат да се пофалат со 700 или повеќе погодоци.

Над 700 погодоци уште имаат постигнато Јозеф Бикан (805), Ромарио (772), Пеле (767), Пушкаш (746) и Герт Милер (735).