24фудбал

Братот на Гризман: Сериозно, ми се плаче, зар само две минути...

Братот на Антоан Гризман се огласи на социјалните мрежи откако напаѓачот на Бсарселона против Атлетико Мадрид влезе во игра дури во 90. минута.

Шпанија

По ремито против Селта, Луис Суарез го впери прстот кон Кике Сетиен и го обвини стратегот дека влече лоши потези, а за ова кавга имало и во соблекувалната на „Балаидос“.

Tренерот на Барса и денеска изненади со одлуките, и покрај тоа што беше 2-2, не правеше измени во офанзивата а кога направи во 85. минута, многумина останаа зачудени откако Ансу Фати доби шанса пред скапото летно засилување Антоан Гризман.

Французинот сепак истрча на теренот, но дури во 90. минута, едвај ја допре топката и не промени ништо.

По ваквиот расплет на настаните, братот на Антоан Гризман се огласи на социјалните мрежи со три поста кои за кратко беа избришани.

„Сериозно, ми се плаче“ - гласеше првата порка. „Зар само две минути“ - беше втората порака, додека во третата порака имаше три точки.