24фудбал

Турските гиганти Галатасарај и Фенербахче се приклучуваат во трката за Барди, Терим му ја понудил и „десетката“

Фенербахче и Галатасарај се сериозно заинтересирани за Енис Барди, Фатих Терим и лично комуницирал со нашиот репрезентативец, но Арсенал останува фаворит во трката по неговите услуги.

Македонија

Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим неколку пати разговарал со Енис Барди, дури му го понудил и бројот десет, пишува турскиот портал „Фотоспор“.

Од друга страна Фенербахче го контактирал Барди преку нивниот албански фудбалер, репрезентативец на Косово, Ведат Мурики.

Интересот на турските гиганти е сериозен, но се верува дека Арсенал останува лидер во трката по потписот на нашиот фудбалер.

Леванте тешко дека ќе го задржи Барди, но ќе се обиде да изнуди колку што е можно повисока продажба. Тој во договорот со нив има откупна клаузула од 50 милиони евра, но се верува дека за 25 милиони ќе му дозволат да замине.