24фудбал

Официјално: Баерн Минхен потпиша со голем талент на ПСЖ

Баерн Минхен го промовираше првото засилување за следната сезона, станува збор за 18-годишниот Тангу Нианзу Куаси кој пристигнува од ПСЖ.

Германија

„Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Тангу Нианзу Куаси. 18-годишниот младински француски репрезентативец доаѓа од ПСЖ, тој потпиша договор до 30 јуни 2024“, стои во соопштението на Баерн Минхен.

Неговата примарна позиција е централен дефанзивец иако може да игра на повеќе позиции во дефанзивата. Тој е француски државјанин, но има и пасот на Брегот на слоновата коска.

„Многу сум среќен што ќе играм за Баерн. Тоа е голем клуб со богата традиција. Се надевам дека ќе се докажам тука и ќе одиграм многу натпревар. За таа цел ќе работам напорно“, изјави младиот фудбалер Тангу Куаси.

Наскоро се очекува Баерн Минхен да го комплетира и трансферот на Сане од Манчестер Сити кој според германските медиуми е веќе договорен.