24фудбал

Таткото на Гризман кон Сетиен: Ти си само случаен минувач во Барселона, па не се вознемирувам

И таткото на Антоан Гризман се јави со пост на социјалните мрежи откако неговиот син во игра влезе во 90. минута од мечот со Барселона.

Франција

Сетиен влезе во војна речиси со сите ѕвезди на Барселона, стратегот јасно е дека нема долго да издржи во клубот, прашање е само дали ќе добие отказ сега или по крајот од сезоната.

Последно гневот го навлече на Гризман кој синоќа го пушти во 90. минута од натпреварот против Атлетико Мадрид. Многумина тоа го сфатија како понижување за Французинот.

Прв се огласи братот на Гризман, а потоа и неговиот татко. Постот на таткото брзо беше избришан, но се рашири неговиот збор низ медиумите.

„Вие сте само случаен минувач во Барселона. Јасно е дека нема да останете долго, па затоа не сакам да се вознемирувам. Му дадовте само две минути, тоа е понижување“, изјави таткото на Гризман.