24фудбал

Ау, каков гол на Флокари! Милан по половина час губи од СПАЛ со 2-0 (ВИДЕО)

Милан неочекувано има два гола негатива по половина час игра против СПАЛ, 38 годишниот Серџо Флокари со полуволеј од 30 метри го лобуваше Џиџо Донарума.

Италија

„Росонерите“ вечерва гостуваат кај претпоследнопласираниот тим на табелата, многумина очекуваа лесна победа, но работите не одат според планот. СПАЛ по половина час игра води со 2-0.

За одбележување е вторит гол на натпреварот во режија на ветеренот Серџо Флокари. Напаѓачот итро крена глава и виде дека Џиџо Донарума е подизлезен, па без размислување со полуволеј од 30 метри го лобуваше голманот на Милан.