24фудбал

Официјално: Ашраф Хакими потпиша за Интер

Интер го потврди трансферот на бекот Ашраф Хакими кој доаѓа од Реал Мадрид за сума која може да достигне 45 милиони евра.

Италија

Играчот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими кој две сезони настапуваше во Борусија Дортмунд, од денеска и официјално е фудбалер на Интер

„Ашраф Хакими официјално е играч на Интер. Мароканецот кој е роден во 1998 година им се приклучи на нероазурите од Реал Мадрид на перманентна основа, потпиша договор со траење до 30 јуни 2025 година“, стои во соопштението на Интер.

Годишната плата на Хакими ќе изнесува пет милиони евра.

Интер за него ќе плати 40 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси, со што ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на клубот.

За време на двете сезони поминати во Борусија Дортмунд, Хакими иако е дефанзивец постигна 12 голови, имаше и 17 асистенции во 72 натпревари.