24фудбал

Мурињо не би го менувал Ло Селсо за Бруно Фернандеш

Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо вели дека не би го менувал Џовани Ло Селсо за ниту еден фудбалер, па ни за Бруно Фернандеш.

Англија

Минатото лето Тотнем беше во преговори со Спортинг Лисабон за Бруно Фернандеш, но не се договорија. Наместо тоа го донесоа Ло Селсо на позајмица од Бетис. Тогаш уште Покетино беше на чело на тимот.

Под водство на Мурињо, Тотнем во јануари трансферот на Ло Селсо го направи перманентен за 27 милиони фунти.

Во јануари Манчестер јунајтед го купи Бруно Фернандеш кој со своите игри го крена целиот тим. Португалскиот фудбалер игра импресивно.

„Не знам ништо за тоа, но и да е вистина, доколку Џовани Ло Селсо е фудбалерот кој дошол во Тотнем наместо Бруно Фернандеш, тогаш не би го сменил тоа, не би го сменил Џовани за ниту еден фудбалер“, вели Ло Селсо.

„Не би го сменил, не само за Бруно, туку за ниту еден друг играч“.

„Кога дојдов во клубот тој не играше. Мислам дека стартуваше само против Црвена звезда во Белград во Лигата на шампионите. Со исклучок на тој дуел не играше“.

„Кога дојдов тој го направи точно тоа го сакам од играчите: „Ќе ти покажам“.

„Немаше детски реакции, немаше плачење, жалење, агенти, пораки преку прес и социјални медиуми од фамилијата. Туку само меѓу мене и него, ми рече: „Ќе ти покажам“ и ми покажуваче чекор по чекор“.

„Начинот на кој тој работи секој ден, начинот на кој доаѓа на натпреварите, начинот на кој ги менува натпреварите...“.

„Се сеќавам на мечот против Ливерпул, тој беше на клупа, кога влезе во последниот половина час го промени натпреварот. Единствената работа која не се случи е дека не го променивме резултатот поради тоа што немавме среќа, но тој го промени мечот“.

„Во моментов тој игра со повреда. Работи поразлично од другите и се обидува да игра. Тоа што го гледате од него не е завршен продукт, тој е фантастичен играч за нас“.

Мурињо претходно имаше големи зборови и за Ндомбеле.