24фудбал

Симеоне: Дали Гризман можеше да направи нешто за 3 минути? Па видете, Атлетико изгуби финале во ЛШ за три минути...

Диего Симеоне не сака многу да навлегува во дебатата за „случајот Гризман“ но вели дека три минути можат да бидат одлучувачки и како пример го даде финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид во 2014.

Шпанија

Доцната замена на Антоан Гризман на дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид е топ тема во Шпанија. Напаѓачот доби шанса дури во 90. минута, и го одигра само судиското надополнување.

Французинот, но и многумина други, смета дека е понижен, па неговата сестра/агент, итно побарала состанок со раководството на Барселона.

Диего Симеоне по мечот не сакаше да ги коментира случувањата, но денеска реши да одвои збор два.

Запрашан дали е понижување тоа што Гризман поминал неколку минути на теренот, тренерот на Атлетико одговори: „Видете, три минути знаат да биде одлучувачки. Атлетико изгуби финале во Лигата на шампиони за три минути...“

Аргентинецот алудира на мечот од 2014, кога Атлетико го делеа секунди од титулата, а Серхио Рамос во 93. минута од мечот изедначи на 1-1, за „кралевите“ во продолженија да слават со 4-1.

Диего Симеоне имаше интересна реакција кога виде дека Антоан Гризман влегува на терен во 90. минута, па прашан да го образложи гестот крај аут линијата, тој кратко рече: „Немам зборови“.

Потоа следуваше прашање дали Антоан Гризман погрешил што ја заменил Барселона со Атлетико, а стратегот порача: „Не сакам да покажам непочитување, но играме натпревари на секој два-три дена, и мојот фокус е насочен само кон ова, другo не ме интересира“.