24фудбал

Некој ја утна работата во Баерн со трансферот на Лерој Сане (ФОТО)

Баерн Минхен се уште официјално го нема потврдено трансферот на Лерој Сане, но социјалните мрежи се полни со слики од фудбалерот како става потпис на договорот и позира со дресот на „баварците“.

Германија

Лерој Сане денеска ги помина редовните лекарски прегледи и само прашање на време беше кога неговиот трансфер во Баерн Минхен ќе стане официјален. Сепак некој на „Алианц“ ја утна работата и ја расипа промоцијата на големото засилување

Иако се уште нема никаков абер, социјалните мрежи се полни со слики од фудбалерот како става потпис на договорот и позира со дресот на „баварците“. Според Билд, грешката е направена од страна на луѓето кои ја одржуваат веб страната на Баерн Минхен на арапски јазик.