Категорија: Шпанија 03.07.2020 00:41
Пред неколку недели се пишуваше дека Лео Меси и Барселона се на добар пат да ја продолжат соработката, но последните информации говорат за разделба.
Како што пренесува новинарот Ману Карењо во емисијата „Ел Ларгеро“ на Кадена СЕР, на напаѓачот му е преку глава поради тоа што се посочува како главен виновник за сите лоши работи и му се препишува поголема моќ од онаа која реално ја има, односно дека носи одредени спортски одлуки.
Па напаѓачот решил да ги прекине преговорите за нов договор, и за ова ги известил најблиските играчи во соблекувалната.
Неговата идеја била да продолжи да игра се додека се чувствува физички спремен за фудбал на највиско ниво, но по последните случувања, се предомислил и сака да замине од Камп Ноу во 2021 година, односно по крајот на следната сезона кога му истекува вктуелниот договор.