24фудбал

Несторовски: Овој гол е за Роландо

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски својот гол и победата му ги посвети на неговиот соиграч Роландо кој има тешка повреда.

Италија

Удинезе синоќа со 2-0 победи на гостувањето кај Рома и прокнижи три големи бода во борбата за опстанок. Нашиот Илија Несторовски беше стрелец на вториот погодок.

Тој голот и победата му ги посветува на неговиот соиграч, Роландо Мандрагора кој пред десетина дена заработи тешка повреда поради која долго ќе биде надвор од теренот.

„Оваа победа и овој гол му ги посветувам на Роландо, знаеме дека тој минува низ лоша повреда, но синоќа дојде со нас и беше на стадионот да навива. Оваа победа е за него и се надевам дека ќе се врати колку што е можно побрзо затоа што ни недостасува“, вели Несторовски.

„Заслуживме да победиме на овој натпревар, но одигравме добро и на првите два натпревари. Денеска постигнавме одличен резултат и среќни сме поради тоа“.

Во следното коло Удинезе ја пречекува Џенова, тоа ќе биде дуел меѓу Илија Несторовски и Горан Пандев.