24фудбал

Баерн Минхен се извини до Манчестер Сити, а потоа го промовираше Сане

Несомнено ова ќе биде големо засилување за „Баварците“ кои дополнително можат да ја зголемат доминацијата во најсилниот германски фудбалски шампионат, меѓутоа на промоцијата и претходеше лапсуз од клубот од Минхен.

Германија

Од германскиот првак Баерн Минхен се извинија до Манчестер Сити откако во јавноста предвреме излегоа фотографии од промоцијата на Лерој Сане во дресот на „Баварците“, пред самиот трансфер и официјално да биде потврден.

Како и да е, 24 годишниот германски репрезентативец стави потпис на договор со Баерн Минхен со важност до 2025. година, а неговиот трансфер изнесуваше 45 милиони фунти, а дополнително уште 10 во бонуси.


Едвај ги чекам новите предизвици, не можам да дочекам да почнам со тренинзи во клубот“ рече Сане на промоцијата.

Сане имаше многу поголема цена на трансфер пазарот ланското лето, беше проценет на повеќе од 130 милиони фунти, обата клуба беа од поодамна во преговори, меѓутоа откако Сане влезе во финалната година од својот договор со „Граѓаните“, во Баерн Минхен им се отворија многу поголеми можности за реализација на овој трансфер со мошне пониска цена.

Офанзивецот во четирите години минати во дресот на Манчестер Сити одигра 90 натпревари, на кои постигна и 25 погодоци, често беше поставувано прашањето околу неговиот однос, за што наводно големи замерки имал Пеп Гвардиола, а актуелнава сезона ја одбележа со повреда од посериозен карактер по што имаше долга пауза.