24фудбал

Интер почна преговори со Челси за Емерсон

Иако претходно се споменуваше Маркос Алонсо, се чини дека Антонио Конте и дефинитивно пресече дека Емерсон Палмиери е вистинското решение во неговите замисли и идеи во тимот по однос на таа позиција.

Италија

Интер го ангажираше Ашраф Хакими од Реал Мадрид, кој настапуваше на позајмица во Борусија Дортмунд, меѓутоа јасно е дека „Нероаѕурите“ нема да запрат со тој трансфер во обидите конечно да ја сопрат долгогодишната доминација на Јувентус во Италија.

Од италијанскиот прволигаш веќе почнале и преговори со Челси, во обидите да дојдат до потписот на 25 годишниот лев бек Емерсон Палмиери, кој не може да се пофали со успешни перформанси во дресот на Премиерлигашот, за кого потпиша пред две години по трансферот од Рома.

„Скај Спорт Италија“ известува дека шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте дал јасни инструкции до раководството на клубот дека Емерсон како засилување би бил одлично во неговите идеи и планови во тимот.

Иако се уште нема официјална понуда за потписот на Емерсон, се вели дека Интер веќе почнал со преговорите, а доколку се реализира овој трансфер, Бразилецот со италијански пасош би можел повторно да соработува со Конте, обајцата беа заедно во Челси, а токму Конте побара негов ангажман.