24фудбал

Тијаго Алкантара е близу до трансфер во Ливерпул

Познато е дека Ливерпул нема да прави големи рокади во својот состав, барем така се најавуваше, меѓутоа се верува дека новиот првак во Премиерлигата е близу до потписот на Тиjаго Алкантара.

Англија

Од шампион, во шампион, така би можел да се искоментира потенцијалниот трансфер на Тијаго Алкантара, за кого „Спорт“ извести дека е близу потпис со Ливерпул, односно ќе си замине од Баерн Минхен.

„Спорт“ објави дека преговорите се во мошне напредна фаза помеѓу самиот фудбалер и клубот, а единствено во моментов треба да се договорат уште финансиските детали помеѓу обете страни.

29 годишниот Шпанец веќе влезе во финалната година од својот договор со Баерн Минхен, кој веќе го промовираше Лерој Сане, па јасно е дека Тијаго бара нови предизвици во својата кариера, во која запиша седум сезони во дресот на германскиот првак.

Во однос на преговорите, „Спорт“ додава дека Баерн Минхен бара 35 милиони евра за офанзивецот, од друга страна пак, Ливерпул посакува обештетувањето да го плати на рати.