24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Борнмут е шанса за нов блесок на Марсијал

Претстојниов викенд на програмата е 33. коло во англиската Премиерлига, влегуваме во последните шест кола од најсилниот англиски фудбалски шампионат, а секако не изостануваат ниту возбудувањата во „Фантази Премиерлигата“, која брои над седум милиони натпреварувачи ширум светот, од кои повеќе од седум илјади се од нашата земја.

Останато

Добредојдовте во најновото издание во едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“, како помошна алатка за сите наши натпреварувачи во мега популарната игра која нуди многу возбудувања, пред нас е 33. коло во Премиерлигата, кое сигурно ќе понуди голем избор во однос на селекцијата на фудбалери.

Стандардно, ќе направиме еден краток рекапитулар на случувањата од претходното коло кое заврши синоќа по убедливата победа на Манчестер Сити против Ливерпул со 4-0.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Велат, кога ќе го погодите вистинскиот фудбалер за капитентската лента во едно коло, целата работа сте ја завршиле со еден потег, па така беше претходното коло каде препорачавме таа  улога да му ја доверите на напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, во коло каде фудбалерот кој примами најголем број натпреварувачи беше ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, кој освои скромни два бода.

Претходната анализа: „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Кејн се враќа во форма, Обамејанг нема право на грешка

Јасно беше дека Обамејанг го троши последниот кредит на довербата кај натпреварувачите, а Норич беше последна шанса за враќање на довербата кај Габонецот, кој во убедливата победа од 4-0 на „Топчиите“ запиша два гола и една асистенција, со тоа што освои фантастични 16 бода, кои вкупно со капитентската лента му донесоа 32 бода.

Од останатиот избор кој инаку донесе 61 бод, во коло каде просекот на освоени бода изнесуваше 50, Де Хеа се покажа мошне сигурен на голманската позиција, Мет Доерти од Вулверхемптон запиша уште еден меч без примен гол, а радува и фактот што најавивме враќање на Хари Кејн кој постигна гол, а доби и бонус бод. Секако, тука е големото разочарување од Орие и Алонсо, кои влегоа во сивилото на Тотнем, односно Челси во поразите на своите екипи, тотално неочекувани, тука е секако и Ентони Марсијал кој не успеа да се запише во листата на стрелците во убедливата победа на Манчестер јунајтед.

Јасно ја наведовме причината поради која не селектираме фудбалери од Манчестер Сити и Ливерпул, меѓутоа Кевин Де Брујне не предомислува, запиша фантастичен учинок од 14 бода во дербито со Ливерпул каде реализираше гол и асистенција, а впрочем беше и играч на мечот, во продолжение следи одличен распоред за Ливерпул и Манчестер Сити, меѓутоа имајте во предвид дека се можни големи ротации во обата состави, а влогот во мега ѕвездите во однос на цените е огромен.

Како дел од воведниот дел во анализата, тука е секако и статистичкиот приказ за актуелната ситуација во однос на трансферите (до моментот на објавување на самата анализа), а состојбата на овој приказ во целост се совпаѓа со нашите идеи за претстојното коло.


Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува Борнмут кој не изгледа на тим кој заслужува да биде дел од елитното друштво на Островот, па сосема очекувано дури четворица фудбалери на „Црвените ѓаволи“ се дел од водечката петорка на најкупувани за ова коло.

Бруно Фернандеш котира највисоко, но, со не толку голема разлика во однос на Мејсон Гринвуд, потоа следи Артур Ван-Бисака кој игра во неверојатна форма, а по него следи и Ентони Марсијал. Водечката петорка ја заокружува Дени Ингс од Саутемптон, меѓутоа прашање е колку треба да се очекува од него во наредните три кола, против Манчестер Сити, Евертон, односно Манчестер јунајтед.

Во однос на другата страна од трансферите, се чини дека повредата на Џон Лундстрам од Шефилд Јунајтед ја прели чашата во случајот со дефанзивецот кој инаку игра во средниот ред, а до доаѓањето на Борг, имаше апсолутна доминација на теренот во својот тим, меѓутоа веројатно е дека го загуби првотимскиот статус. По него, на оваа листа на најпродавани фудбалери следат Џек Грилиш од Астон Вила, како и Џејми Варди од Лестер кој не може да се пронајде себе си. Изненадува фактот што на оваа листа во водечката петорка се најде и напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, а по него следи и напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во обидот да дојдеме до максимум од можни бодови од дуелот каде Манчестер јунајтед е апсолутен фаворит во пресметката на свој терен против Борнмут, ќе го селектираме Давид Де Хеа (5.3), Шпанецот веќе запиша два меча без примен гол, а на прагот е да дојде и до третиот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Со веќе селектирани двајца фудбалери од Манчестер јунајтед во воведните позиции, јасно е дека си го скратуваме изборот во офанзивниот ред, меѓутоа големи се очекувањата и за ова коло од неверојатниот Арон Ван-Бисака (5.5) кој во последните две кола запиша 21 освоен бод, на обата реализираше по една асистенција, а Борнмут е екипа која тешко постигнува голови, па минимумот кој го очекуваме е Манчестер јунајтед да не прими гол во сопствената мрежа, што значи бодови од клин-шит.

Енда Стивенс (5.1) со својот Шефилд Јунајтед гостува кај Барнли, екипа со доста стабилна игра, меѓутоа на овој меч не очекуваме голови на обете страни, а логично е прв да тргне по бодовите токму Шефилд Јунајтед. Стивенс запиша асистенција во победата против Тотнем, а малку недостасуваше да запише и бодови од клин-шит, инаку станува збор за фудбалер кој игра во средниот ред, што отвора многу можности.

Њукасл на домашен терен го пречекува Вест Хем, па од таборот на домаќините ќе селектираме еден доста пристоен дефанзивец кој има солиден учинок сезонава, Џамал Ласелс (4.3), стандарден стопер кој би ви бил одлична алтернатива за да оставите простор за нешто повеќе во офанзивниот ред.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Сега се префрламе во средниот ред, а таму ќе започнеме со Сон (9.8), Кореецот запиша две асистенции во низа, а Тотнем ако сака излез во Европа за идната сезона ќе мора да атакува на победа во дуелот против незгодниот Евертон, за Сон ќе додадеме дека на последниот меч играше во друштво на Хари Кејн во нападот.

Ентони Марсијал (8.2) од Манчестер јунајтед е дел од водечката петорка на фудбалери со најмногу освоени бодови досега, Французинот кој инаку е прв напаѓач на „Црвените ѓаволи“ пред себе викендов ќе го има индиспонираниот Борнмут кој како едвај да чека да заврши сезоната. За Марсијал ќе додадеме дека по рестартот на сезоната реализираше хет-трик во победата над Шефилд Јунајтед, а викендов би можел да го повтори тој учинок.

Речиси да нема дилеми во тоа дека Кевин Де Брујне (10.7) е играч на сезоната во Премиерлигата, Белгиецот е неверојатен, блеска во неговата форма, а викендов со својот Манчестер Сити гостува кај Саутемптон, иако под големи дилеми, решивме да го селектираме од причина што и покрај загубената титула сезонава, тој и „Граѓаните“ генерално играат и натаму максимално на своето препознатливо ниво.

Кристиан Пулишиќ (7.1) има одлично враќање во својата препознатлива форма во дресот на Челси, три кола во низа запишува бодови, два во погодоци, едно во асистенција, а „Сините“ од Лондон на домашен терен го пречекуваат Вотфорд кој води грчевита битка за опстанок во елитата, меѓутоа извесно е дека нема што да бараат на „Стемфорд Бриџ“.

Предупредивме дека се можни големи рокади и ротации во Манчестер Сити и Ливерпул, меѓутоа за ова коло ќе го селектираме и Мохамед Салах (12.6), кој со својот Ливерпул на домашен терен го пречекува составот на Астон Вила. Логично е Египјанецот да продолжи во трката за најдобар стрелец сезонава во Премиерлигата, моментално заостанува два гола зад лидерите Варди и Обамејанг кои имаат по 19 постигнати погодоци засега.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Со Хари Кејн (10.9) го започнуваме нашиот избор во нападот составен од двајца напаѓачи во формациска поставеност од 3-5-2, Тотнем на домашен терен го пречекува Евертон, а доколку сака излез во Европа мора да атакува на победа, веќе го најавивме враќањето на Кејн, а се потврди тоа дека англискиот репрезентативец се враќа во своето добро препознатливо издание запишувајќи два гола во исто толку кола во низа.

По повредата, Тами Абрахам (7.5) од Челси мака мачи како да се врати во својата препознатлива форма, веќе беше и стартер на гостувањето кај Вест Хем каде составот на Лампард изненадувачки загуби, иако под знак прашалник за тоа дали напаѓачот ќе биде стартер против Вотфорд, а со оглед и на стеснатиот избор во завршницата од сезоната, дури и како ризик, не би било лошо да го селектирате, особено не за ова коло.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe


Предлог-состав: ДЕ ХЕА (5.3) / ВАН-БИСАКА (5.5), СТИВЕНС (5.1), ЛАСЕЛС (4.3) / СОН (9.8), МАРСИЈАЛ (8.2), ДЕ БРУЈНЕ (10.7),  ПУЛИШИЌ (7,1), САЛАХ (12.6) / КЕЈН (10.9), АБРАХАМ (7.5)

Капитен: МАРСИЈАЛ

Заменик-капитен: Кејн

 

За крај на анализата, традиционално ќе завршиме со еден краток осврт на случувањата во генералната лига на „Македонија“, како и лигата на „24фудбал“.

Во лигата каде се сите натпреварувачи од нашата земја на едно место, лидер е Давид Трајчевски со досега освоени 2040 бодови, имате можност да се запознаете со неговиот избор.


Што се однесува пак до актуелната ситуација во лигата на „24фудбал“, таму лидер е Василиј Стојановски со досега освоени 2009 бодови, имате можност да се запознаете и со неговиот избор.


Среќно до сите натпреварувачи, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe